Македонската ракометна репрезентација ремизираше на гостувањето кај БиХ , во Скендерија играјќи 28-28. “Црвено – жолтите“ пропуштија огромна прилика со победа да се изедначат на табелата со фаворизираната Унгарија и после две кола дефинитивно да ги отпишат домаќините од шанса за место на континеталниот собир 2012 година во Србија.

Избраниците на Ѕвонко Шундовски одиграа со доста осилации во текот на мечот, кој како започна можеше да заврши во било кој правец. Во првиот дел откако одлично беше затворен Лазаров 3/9, просторот недоволно го користеа крилата Темелков и Алушовски кои завршија со по два постигнати гола.

Во првиот пол час немавме решение за одличниот Шариќ на голот кој ги излудуваше македонските ракометари на теренот, како и Македонците покрај малите екрани.

Стартот на вториот дел навестуваше потоп на македонскиот брод, но брзото консолидирање на чело со голманот Ристовски (12 одбрани), го воведе македонскиот табор во мирна игра. Тогаш се разиграа крилата, и “плејот“ Мојсоски и разликата почна да се топи.

Нашите избраници има шанса да го решат мечот во наша корист но ударот на ветеранот Алушески , не заврши во мрежата, а по свирежот за сирената за крај, репрезентативците со кренати раце го напуштија теренот.

Со оглед на сите случувања, во и околу репрезентацијата сигурно дека ремито е рамно на победа, но победа си е победа, а доколку Алушевски погодеше уште сега ќе можевме да се пакуваме за Србија

По овај натпревар следува пауза, а Македонија во наредниот натпревар ќе игра против лидерот во нашата група Унгарија.

М.Постоловски