Шансите Македонија да триумфира на светското фудбалско првенство што в година ќе се одржи во Јужна Африка се 1 спрема 1.000. Вака смета една од најреномираната светски обложувалници БВИН на нешто повеќе од година дена пред стартот на Мундијалот.
Тоа значи дека за едно вложено евро се добиваат 1.000 евра, ако „црвено-жолтите“ станат светски прваци. Според обложувачницата БВИН, Македонија е во ист ранг со Босна и Херцеговина, Литванија, Замбија, Саудиска Арабија, Костарика и Белорусија.
Како најсериозен кандидат за триумф на првиот Мундијал во Африка има петкратниот светски првак Бразил. За рекордн “сеста“ на „кариоките“ коефициентот е 5.75.
OHRIDNEWS
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com