Македонија го прекина постот откако  на “Филип II “ со чисти 2-0 го совлада стариот должник Исланд. Жешкото време, не дозволи да гледаме квалитетен фудбал, но од она како одиграа “црвените“ може и мора да бидеме задоволни.

До предност стигнавме во првиот напад кон противничкиот гол кога Стојков го искористи додавањето на Деспотовски и со шестиот репрезентативен погодок донесе предност од 1-0.    


Покрај погодокот Стојков имаше уште една прилика која успеа да ја скроти гостинскиот голман, на одбиената топка натрча Пандев кој биеше покрај голот.

Времето освежи во втoриот дел, а тоа и тоа како добро им дојде на македонските репрезентативци кои беа подобриот противник на теренот. Се редеа приликите пред гостинскиот гол, а Пандев и Наумоски никако да ја погодат целта.

Следува серија замени, шанса доби дебитантот Иваноски на местото на стрелецот Стојков. Николоски се повреди а на негово место влезе Пачоски, додека Грозданоски го замени Шумуликоски.


Токму нововлезените играчи внесоа свежина во играта, а по додавањето на Грозданоски ,Иваноски на својот деби натпревар го постигна првиот гол во националниот дрес.

Наредниот натпревар Македонија во квалфикациите за СП 2010 г во ЈАР ќе го игра против Шкотска на 5 сeптември.  По шест одиграни натпревари Македонија со седум бода се наоѓа на делба на втората позција со Шкотска.

М.П.