Една победа и еден пораз во двомечот на македонската фудбалска репрезентација под 17 години против соодветната селекција на Белоррусија. Македонската фудбалска репрезентација во иста мера (2-1) и се реваншираше на соодветната селекција на Белорусија, по поразот во првиот натпревар.


По половина час игра гостите дојдоа во предност, откако по нафрлената топка на Камарау најдобро во мешаницата пред нашиот гол се снајде Шастилоуски. Избраниците на Менсур Јакупи по примениот гол притисинаа и во финишот на првиот дел стигнаа до израмнување. Двојната комбинација на Нуриси и Нафиу со лоб удар и погодок ја круниса Муртиќ.


“црвено – жолтите“ во предност дојдоа по еден час игра, полуконтра на македонската репрезентација отвори најзабележителниот на теренот, Нуриси му асситираше на Нафиу кој изби сам и ја погоди мрежата на Чипулис. За Нафиу ова беше негов втор погодок во овај дво меч.


По овие средби , нашите надежи ги очекуваат уште неколку контроли и тоа против селекцијата на Албанија и на Романија.

Мх.П.