Медиумите во Македонија се политички зависни, оценува во најновиот извештај американската организација “Фридом хаус“. Во анализата на критичните параметри во земјите во транзиција, Македонија најлош рејтинг ( 4,25) има за слободата на медиумите и корупцијата.

Во извештајот се посочува дека одредени сопственици на  медиуми се истовремено и лидери на политички партии, се критикува неизбалансираното известување од изборите, но и насилството врз новинарите и затвореноста на институциите за информации.

Во поглед на борбата против корупцијата Македонија бележи мал напредок во однос на претходните две години, при што најмногу забелешки  има за судството, поради, како што се наведува, големиот број на нерешени случаи, како и многуте процеси кои се водат против новинари.

Изборите во 2009 се послабо оценети, отколку тие во 2008 година, што се објаснува со нискиот цензус на претседателските избори. Најдобра оценка и во овој извештај има граѓанскиот сектор.

Ohridnews