Оваа програма моделира правна рамка која ќе им овозможи на институциите и уметниците непречена комуникација, ќе ја стимулира нивната соработка која ќе може да обезбеди реализација на низа заеднички претставувања и проекти, информираат од Министерството за култура.
Република Македонија и Република Хрватска имаат традиционално одлични релации во областа на културата. Соработката постои во сите дејности и досега е реализирана размена на голем број изложби, концерти, учеството на голем број истакнати хрватски и македонски уметници на меѓународните манифестации во двете земји.
Министерката за култура Канческа-Милевска, која вечерва ќе присуствува на отворањето на 62. Дубровнички летни игри, истакна дека новата Програма за културна соработка за периодот 2012-2015 година ќе придонесе за афирмирање на културата на двете земји како и развој на заемната соработка меѓу институциите и соодветните здруженија од сите области на културата и уметноста.