Македонската кошаркарска репрезентација по Перо Антиќ остана и без Ѓорги Чековски за престојното Европско првенство кое ќе се оджи во четири земји.
– Жалиме што Чековски нема да ни помогне во желбите да настапиме со сите расположливи сили на ЕП во 2015, но како негов поранешен капитен во Репрезентацијата, сведок сум дека секогаш бил на ниво на поставените задачи, а како сегашен Претседател на Федерацијата му изразувам благодарност за придонесот и 15- те сезони минати во најубавиот дрес. – стои во соопштението од Петар Наумоски, прв човек на кошаркарска федерација на Македонија.
Пред неколку дена учеството го откажа кошаркарот на Атланта Хоукс, Перо Антиќ, кој рече дека е престар и оти кошаркарите кои беа дел од квалификациите заслужуваат да играат на ЕП.
Македонија натпреварите ќе ги игра во Хрватска, а покрај домаќинот во група се наоѓа со Грција, Холандија, Словенија и Грузија.
Ohridnews