Министрите за транспорт и врски на Македонија и Албанија, Милие Јанакиески и Сокол Олдеши, денеска во Охрид ќе потпишат Спогодба за соработка на полето на поштенските и електронските комуникации.
Соработката помеѓу владите на Македонија и Албанија на полето на поштенските и електронските комуникации е дел од европската агенда на двете земји.