Прекуграничните проекти се еден од најприфатливите пристапи до средствата што ЕУ ги обезбедува за поддршка на активностие од областа на животната средина, истакна Јакупи,најавувајќи поинтензивна меѓудржавна соработка во заштитата на Охридското Езеро.
– Во насока на зачувување на животната средина, конкретно на Охридското Езеро, предвидени се и заеднички активности со албанската страна, преку формирање заедничко тело кое активностите би го спроведувало со поддршка на буџетски средтва на двете држави, пари од касите на локалните самоуправи на градовите на езерото, но и со заеднички проекти со кои би се аплицирало до фондовите на ЕУ, рече Јакупи.
Министерот за животна средина денеска имаше прилика директно да ги чуе размислувањата на невладиниот сектор за актуелните еколошки проблеми, при што нагласи дека државата и покрај скратениот буџет и натаму финансиски ќе ги поддржува активностите на граѓанскиот сектор кои имаат за цел заштита на природата.