Македонија и Албанија постигнаа договор за безвизен режим соопштија претствници на комисиите кои ги водеа дводневните билатерални разговори. Според договорот државјаните на Република Македонија и на Република Албанија без визи ќе можат да патуваат и да престојуваат во другата држава до 90 дена во период од шест месеци.
Се очекува спогодбата за безвизен режим да биде потпишана во Тирана, за време на најавената официјална посетата на премиерот Никола Груевски на 18 и 19 февруари.
Одлуката за укинување на визниот режим според општините Охрид и Струга ќе овозможи побрз проток на луѓе и стока и позитивно ќе влијае на економскиот развој на целиот пограничен регион.