Македонија се пласираше во финалето од Ефес купот коj се игра во Анкара, Турција. Во полуфиналето избраниците на Јовица Арсиќ беа посупешни од Германија со 95-74.


Во црвено-жолтиот табор најзабележителен беше Џеремаја Месји кој уфрли 22 поени , а придодаде 6 скока и 2 асс. Гечевски постигна 15, Антиќ и Тасовски по 12 додека капитенот Стефанов 11 поени.


Македонија во финалето (16:00 часот) на Ефес Пилсен Светскиот Куп, ќе се сретне со Хрватска .