Европското кадетско првенсто кое од 25 јуни до 5 јули требаше да се одржи во Охрид и Скопје и е одземено на Македонија и е доделено на Србија.

За потребите на кадетското првенство ЕХФ бараше да се исполнат строгите критериуми слични како оние за сениорското првенство.  По инспекцијата отпаднале салите во Виница, Гевгелија, а во Скопје во игра останала само салата „Борис Трајковски“.


Како што неофицијално дознавме една од причините поради кои на ваков чекор се одлучила ЕХФ е состојбата на спортските сали во Охрид и Скопје, односно недостигот на климатизација во салите.

Охрид и Македонија минатата година беа домаќини на две големи натпреврувања и тоа светското првенство во јуниорки и европското за сениорки.

ЕХФ имаше бројни критики за бавното темпо и начинот на кој  се исполнуваа зададените критериуми, во салите во Скопје и Охрид, што можеби е една од причините поради кои ни е одземено првенството. Натегањето околу одговорноста за исполнување на критериумите  и испонувањето на некои од обврските во пет до дванаесет можеби пресудија ЕХФ да се реши на ваков чекор, или можеби србите и понудија подобар „дил“ на европската ракометна куќа. Организатор на кадетското првенство, како и во случајот со Европското првенство требаше да биде Ракометната федерација на Македонија, од каде засега нема официјален став зошто на Македонија и е одземено натпреварувањето

М.П.