Македонската ракометна репрезентација во драматичен натпревар го совлада светскиот вицешампион Полска 30-29 (15-14).

Голманот Ангеловски со 11 одбрани и еден седмерц, каиптенот Лазаров со постигнати 13 гола и најискусниот Алушевски, беа творците на големата победа на Македонија.

Избраниците на Темелков одиграа натпревар како од школските учебници. Храбро и цврсто во одбраната, разноврсно и на моменти луцидно во нападот.

Немаше полската одбрана за расположениот Кире Лазаров кој го одигра најдобриот натпревар во македонскиот дрес погодувајќи 13 од 16 пати.

Маестрален на голот беше популарниот “Диви“ кој победите им ги посвети на ќерките близначки.

Најискусниот, играчот кој беше во тимот кој го одигра првиот официјален натпревар за Македонија, Стевчо Алушески со шестиот погодок  го одлучи победникот .

Голем придонес дадоа Мојсоски 5 гола, Темелков 1, Миркуловски 1, Димоски 2 Ф.Лазаров 2 и Ѓорѓоноски 1 гола

М.П.