пријателските натпревари во рамки на подготовките за Светското првенство
во Шпанија.
Македонија во Пореч ја совлада Саудиска Арабија со 28-21, а резултатот на полувремето беше 15:9.
До заминувањето за Шпанија, македонските ракометари ќе одиграат уште две
контролни средби, по Нова година, во Ниш на 4 и 5. јануари ќе играат со
Египет и Србија.
Светското првенство во Шпанија ќе се одржува од 11 до 27. јануари,
Македонија ќе се натпреварува во група заедно со Данска, Русија, Исланд,
Чиле и Катар.