Македонската фудбалската репрезентација го совлада Катар со 2-1 на пријателскиот натпревар попладнево одигран на “Филип II“ арената во Скопје.
Гостите беа тие кои први се радуваа, откако по одличниот центаршут Муса најдоборо се снајде затресувајќи ја мрежата на Пачовски за водство од 1-0.
По серијата на промашувања, работите во свои раце ги предзеде Горан Пандев. Прво по одбиената топка по ударот на Наумоски израмна на 1-1, а во финишот на полувремето во “велеслалом“ нанижа неколку фудбалер и ја смести топката во противничката мрежа за водство од 2-1.
Натпреварот против Катар во пријатно сеќавање ќе остане за Нурединовски кој дебитираше голот на Македонија и на Горан Пандев за кого ова беше 50 – от настап во дресот со националниот грб.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com