Министрите за животна средина на Република Македонија д-р Неџати Јалупи и на Република Албанија д-р Луфтер Џувели, утре ќе се сретнат во Охрид. Средбата е во организација на двете Министерства и Билатераниот Секретаријат за заштита на Охридско Езеро и како тема ги има главните еколошки прашања околу интегралната заштита на Охридското Езеро.

– Го отвораме како главна тема на највисоко ниво прашањето за ставање под заштита на УНЕСКО и на албанскиот дел од езерото што ќе обезбеди повисоко ниво на заштита и управување на езерото. Но, пред министрите ќе се отворат и темите од билатерален карактер како што се управување и заштита на рибниот фонд , заштитата на појасите со трска и можностите за евентуална ревизија на меѓудржавните договори со стар датум кои не одговараат на новите еколошки и економски услови во регионот, изјави во очи средбата на министрите, Дејан Паноски – секретар на Билатералниот секретаријат.

На состанокот ќе бидат презентирани резултатите од спроведувањето на Конвенцијата за светско наследство (УНЕСКО) и ќе се утврдат правци за идната соработка.

Ohridnews