“Црвено – жолтата“ чета перфектно го отвори мечот во кој по првиот период имавме и двoцифрена предост. Очајната игра во одбраната но и повредета на Гечевски, придонесоа натпреварот да добие сосема друг тек. Наместо мирна и сталожена игра непотребно влеговме во бркотница и избрзани удари.
Двоецот Антиќ (20 поени , 13 скока) и Меккејлеб 35 поени, немаа поддршка од останатите во репрезентацијата, најблиску до двоцифрен број на поени беше Соколов со 8.
По овој пораз Македонија ја закомпликува ситуацијата околу пласмнот на континенталниот собир. Шансите за освојување на првото место се сведени на теорија. Во најлошото сценарио и две победи во последните два меча против В Британија дома и БиХ на гости, нема да бидат гаранција за пласман во Литванија.
Во наредното коло, во понеделник во Скопје играме против првопласираната селекција во нашата група В. Британија. По нашиот пораз од Унгарија бритнаците се сигурни патници на ЕП наредната година.