Македонската кошаркарска селекција претрпе пораз од Шпанија 66-61 во првиот од двата контролни натпревари.

Избраниците на селекторот Алеш Пипан на мечот со Европскиот првак ги покажаа двете лица. Во првото полувреме она лошото додека сосема спротивното во второто кога „црвено жолтите“ се носеа со европските прваци.

Најефикасен во составот на Македонија со 14 поени беше Илиевски, Антиќ и Чековски реализираа по 11 додека Мекклејб, Војдан Стојаноски и Гечевски уфрлија по десет. Најпрецизен кај „црвената фурија“ беше Марк Гасол со 17 кошеви.

Македонија и Шпанија ќе одиграат уште еден натпревар пред „црвено жолтата“ експедицијата да замине на турнир во Германија.

Мх.П.