Репрезентацијата на Македонија во второто коло од квалификациите за СП ќе се сретне со Шкотска. Во досегашната историја овие две селекции се сретнале два пати во квалификациите за СП во 2010 година.


Првиот натпревар се одигра на “Градскиот стадион“, Македонија со голот на Илчо Наумоски триумфираше минимално 1-0.


Вториот меч одлучуваше за понатамошните шанси на Македонија во групата. На “Хемпден парк“ шкотите победија со 2-0 и ставија крај на сите надежи за македонската репрезентација. Стрелци на головите за Шкотска беа Браун и Мекфаден.


Третиот натпревар помеѓу овие две селекции е закажан за утре со почеток од 20 часот, на стадионот во Глазгов, “Хемпенд Парк“.

Мх.П.