Македонската машка ракометна репрезентација го доби Исланд за противник во баражот за пласман на Светското првенство што догодина се игра во Хрватска.
Вака одлужи ждребката што денеска беше извршена во Лилехамер-Норвешка, каде во тек е завршницата на ЕП.
Македонија ќе биде домаќин во првиот натпревар кој ќе се одигра на 7 или 8 јуни, а реваншот е за седум дена на Исланд. Досега Македонија одиграла два бараж натпревари со Исланд и двата ги загубивме.
Денеска беа извлечени и двојките за баражот за пласман на Европското првенство што од 2-14 декември се игра во Македонија. Во јунскиот бараж се среќаваат:
Словачка – Украина
Исланд – Романија
Италија – Австрија
Белорусија – Словенија
Шпанија – Литванија
Шведска – Чешка
Полска – Португалија
Турција – Данска
Црна Гора – Хрватска
Холандија – Србија
ohridnews