Во Македонија денеска ќе се одржат шестите парламентарни избори, први предвремени.

Право на глас на изборите имаат 1.779.116 граѓани запишани во Единствениот избирачки список. Тие на 2.976 гласачки места ќе можат да се изјаснат за вкупно 18 листи со 1.540 кандидати за 120 пратенички места во Собранието на Република Македонија.

Идните пратеници ќе се избираат според пропорционалниот модел, по 20 од секоја изборна единица, а резултатите ќе се пресметуваат според Д’онтонова формула.

Во изборната единица број 5, во која спаѓа Охрид,  има 12 листи, за кои  може да гласаат 290.101 граѓанин.

ohridnews