По долги, долги години чекање македонските репрезентативци одиграа натпревар во кој беа подоминантен противник од поквалитетна селекција. На славниот шкотски стадион “Хемпден Парк“, Македонија ремизираше против домаќинот играјќи 1-1 во рамките од второто коло во квалификациите за мундијалот во Бразил.


“Црвено жолтите“ имаа предност благодарение на погодок на Новески. Водството избраниците на Јаневски го чуваа до 41-та минута кога Милер по додавањето на Мекки ја казни грешката во одбраната. До крајот на мечот Македонија пропушти шанса да ја совлада Шкотска на домашен терен.

Мх.П.