Денеска се навршуваат 112 години од Илинденското востание и 71 година од Првото заседание на АСНОМ што се одржа во манастирот Прохор Пчињски, на кое беа поставени темелите на современата македонска држава.

Овие два датуми се длабоко вкоренати во колективната меморија на нашиот народ. Двата Илиндена претставуваат историски темелник на македонската самобитност, непокор и слобода.

Годишнините од Илинден и АСНОМ ќе бидат одбележани со народни собири и свечености ширум земјата.

По повод Денот на Републиката, денеска во Охрид, делегација на Општината ќе положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците и борците во градскиот парк. Пред присутните историски осврт за значењето на Илинден и АСНОМ ќе одржи проф. Григор Ангеличин- Жура.

Претставници од општина Охрид во во село Плаќе ќе положат цвеќе пред спомен обележјето на паднатите борци во востанието кај Рашанец во 1903 и НОБ на Македонија, а по повод празникот ќе се одржи и историски час.

Дел од свеченостите во Крушево се и охридските „комити“ кои и оваа година го изведоа традиционалниот Илинденски марш од Охрид.

OhridNews