Македонската спортска експедиција составена од 133 спортисти, кои требаше да се натпреваруваат во шест спортови на „Игрите на младите во Југоисточна Европа“, кои се одржуваа од 15 до 21 октомври во Солун, во знак на протест во петокот ги напушти „Игрите на млади“ поради тоа што организаторот не сакал во ниедна форма да го употреби името Македонија.
Според директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Ивица Георгиевски, уште во мај на состанок во Солун помеѓу организаторот и Спортската федерација на Македонија било договорено нашите спортиски на своите дресови да ја носат кратенката МКД или пак при најавување на репрезентацијата да се користи целосно референцата „Поранешна Југословенска Република Македонија“.
Со одредени непријатности овој договор се почитувал се до петокот кога на натпреварите во таеквондо официјалниот спикер не сакал под никакви услови да го изговори името Македонија, по што македонската спортска делегација ги напуштила „Игрите на младите од Југоисточна Европа“.
Ohridnews