На 10-тото Државно првенство на бармени на Македонија кое се одржа вчера во Марриотт хотел, се избраа победничките коктели и бармени кои ќе ја претставуваат нашата земја на Светското првенство на бармени во Копенхаген, Данска.

Во прекрасна атмосфера и многу дружење се избраа најдобрите бармени во двете категории во кои се натпреваруваа. Титулата најдобар бармен за 2017 година во класична подготовка на коктели ја понесе Васил Пеевски со неговиот авторски коктел See you in Copenhagen. Втор со пехар се закити Ѓорѓи Симјаноски со неговиот авторски коктел Have fun. Трето место во класична подготовка на коктели освои Никола Стојмановиќ со коктелот Cupcake.

Во втората категорија флертендинг првото место го освои Александар Бошев и неговиот Oriental Exotic коктел со кој направи одлично шоу за присутните. Со второ место се закити Љупчо Јаковлески со коктелот Habibi, а третото место го освои Игор Ѓуров со коктелот Oliva. Признание за најдобра техника во класична подготовка на коктели освои Љубен Богдански.

На ова првенство покрај натпреварувачкиот дел се одржаа и два семинари за бармените на кои се презентираа новитетите на македонскиот пазар на пијалоци.
Специјални гости предавачи беа Мате Ксатлос, бренд амбасадор за Ангостура рум од Данска и Ники Неиков–бренд амбасадор за Диагео Ресерве-Бугарија.