Во литванскиот главен град Вилнус, со жрепка ќе бидат извлечени групите за Европското првенство во кошарка, кое годинава, од 31 август до 18 септември, ќе се одржи во Литванија.


Македонската кошаркарска репрезентација противниците ќе ги чека од четвртата шапка, заедно со репрезентациите на Велика Британија, Израел и Грузија.

Во првата шапка се репрезентациите на Шпанија, Србија, Грција и Словенија, во втората: Франција, Русија, Хрватска и Турција, во третиот: Германија, домаќинот Литванија, Црна Гора и Белгија. Во последните две шапки се репрезентациите на Италија, Бугарија, Полска, БиХ, Украина, Летонија, како и две репрезентации од дополнителните квалификации кои ќе се играат кон крајот на август.


По шест репрезентациите ќе бидат распоредени во четири групи, пласман во следната рунда ќе изборат по три селекции од секоја група, каде ќе бидат формирани нови две групи со по шест селекции. Од новоформираните две групи првопласираните четири репрезентации ќе се пласираат во четвртфиналето.

Првенството во Литванија ќе биде прво на кое учество ќе земат 24 репрезентации. Шампионатот ќе се игра во шест града: Алитус, Пеневезис, Сиаулаи, Вилнус и Каунас.

Свечената церемонија на извлекувањето на групите ќе се одржи во 18:30 часот, во зградата на Литванскиот национален театар.

Ohridnews