Македонската ракометна репрезентација со победа над Португалија 26-19 (14-10) обезбеди пласман на Европското првенство во Данска следната година.

На континеналниот собир во Данска избраниците на селекторот Ивица Обрван ќе имаат можност да го бранат и поправат пласманот на петтата позиција пред две години во Србија.

„Македонската фаланга“ до “европска виза“ ја предводеше капитенот Кирил Лазаров со девет голови, Миркуловски седум погодоци и голманот Ристовски, која собра 14 успешни интервенции.

Извлекувањето на групите за Европското првенство во Данска е в петок, а Македонија трет пат учествува на завршницата од европскиот ракометен крем.

Мх.П.