Крај на евро одисејата за македонскиот првак Македонија ЃП.

Во реванш натпреварот од второто квалификациско коло белорускиот Бате Борсиов со идентични 2-0, ги совлада “лавовите“ и со севкупни 4-0 се пласираше во трето коло, каде за противник ќе го има победникот од дуелот Вентспилс – Дуделанж (3-0 по првиот натпревар)

Македонскиот шампион во 180 минути не успеа да ја затресе противничката мрежа, а дури четири пати ја вадеше топката од сопствениот гол.

Втора година по ред македонскиот шампион завршува елиминиран уште на стартот од квалификациите за Лигата на шампиони.

М.П.