Македонската фудбалска репрезентација забележа минимална победа од 1-0 над “незгодната“ Андора во осмата рунда од квалификациите за ЕП 2012 година во Полска и Украина.
Ништо ново во играта не донесоа серијата измени, а евидентно беше отсутвото на неколкуте стандардни репрезентативци пред се на Горан Пандев.
Стрелец на единствениот гол, кој не спаси од голем срам беше Мирко Иваноски во 60 минута од мечот.
По двата квалификациски меча новиот селекторот Џон Тошак, ќе има појасна слика за можностите на македонските репрезентативци.
До крајот на квалификациите “црвено-жолтите“ ќе играат уште со Ерменија таму и Словачка дома.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com