Пресметувајќи ги бројките добиени од повеќе извори како што се ММФ, Светска Банка, ЦИА-Светски факти и многу други, Македонија го освои врвот. Доколку се сметаат сите над 15 години што се невработени (во оваа категорија спаѓаат и хендикепираните, старите и сите оние што не бараат работа) тогаш процентот е речиси двоен или 65,2% невработени од целата нација- пишува „24/7 Волстрит“.
Во првите 15 нации по невработеност, по Македонија следуваат Ерменија(28,6%), Алжир(27, 3%), палестинските територии Западен Брег и Газа ( 25,7%). На 5-то место е Босна и Херцеговина (23,4%). Од 6-тото до десетото место се африканските Јужна Африка (22,9%), Намибија(22%), Колумбија е најлошата јужно-американска држава на 8-то место со 20,5% , Боцвана(17,6% невработеност), па кризниот Ирак (17,5%).
Грузија е 11-та во светот по невработеност со 16,5% невработеност, следува Јемен (16,1%), а 13-то место го држи Хрватска (14,8%). Топ 15-те најневработени нации ги заокружуваат Тунис (14,2%) и Бурунди (14%). Голем дел од овие земји доколку се сметаат сите над 15 години кои се невработени имаат полош резултат од Македонија, но сепак во општите бројки Македонија е прва.
„Како уште неколку земји на оваа листа и Македонија е дел од поранешната Југославија која се распадна во 1991-вата. Иако беше поштедена од најголемиот дел на апокалиптичните насилства во регионот, земјата стради од свои проблеми. Како и соседите и Македонија имаше етнички тензии, а неколкупати беше на работ на граѓанска војна. “ стои во краткиот опис за економијата и за лидерството во невработеноста на порталот „24/7 Волстри“.
Анализите на порталот покажале дека во 15-те лидери по невработеност владеат главно млади државници или влади, дека се поранешни колонии или делови од некогашните поголеми држави.