Онлајн магазинот Food and Wine објави листа на пет светски дестинации кои мора да ги посетат љубителите на вино. Меѓу нив се наоѓа и Македонија.
-Малечката балканска држава, со 2 милиони жители, произведува висококласно вино уште од времето на Цезар, но има добиено многу малку признанија. Може да престојувате во Попова Кула, винарија со соби за сместување во Демир Капија и гледајте да ја посетите винаријата Бовин, што е првата винарија формирана од осамостојувањето на Македонија од Југославија, од 1991 година, пишува во својата објава магазинот Food and Wine.
Освен Македонија на листата дестинации се најдоа и Орегон, Планините Јура, Аризона и Португалија.
OhridNews