декември ќе се одржува во Србија, откако во бараж двомечот беа поуспешни
од Македонија.
Откако на 1-ви јуни во Скопје Шпанките победија со 27-21, во реваншот, кој во петок се одигра во Сорија, тие победија со 27:16.
Натпреварот во Сорија на моменти наликуваше на пријателски, Шпанките, од
почетокот до крајот го диктираа темпото и на крајот забележаа убедлива
победа. Македонските ракометарки, слично како и на првиот меч во Скопје,
ги демонстрираа истите слабости, одбраната беше подобриот дел од тимот,
додека во нападот делуваа анемично со многу технички грешки.
Елена Ѓеоргиевска со четири голови беше најефикасна во редовите на македонската репрезентација.