Речиси целава Република повеќе од два часа попладнево беше без струја. Енергетскиот систем колабираше околу 16 часот. Хаваријата започнала откако „паднал“ далноводот Благоевград – Солун, преку кој Грција увезува струја. Наместо преку тој далновот струјата почнала да транзитира преку далноводот Ниш, Косово Поле, Дуброво, па се` до Солун. При транзитот, Грција одеднаш повлекла големо количество електрична енергија, што довело до пад на енергетскиот систем на Македонија.
Прекинот на електричната енергија, според портпаролот на МВР Иво Котевски не предизвикал зголемен број сообраќајни незгоди или други проблеми, а и граничните премини работеле нормално односно вршеле контрола без застој.
С.К.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com