Според економските експерти, Македонија доцни со отворање на лоби претставништва во Брисел. Тие посочуваат дека претстолнината на ЕУ  со 16.000 бизнис лобисти го надмина и главниот град на САД, Вашингтон, кој досега важеше за највлијателен бизнис центар во светот.

Отворено, тука малку се доцни и тоа треба да се поправи. Сараевскиот кантон веќе има свое лоби претставништво, како и градот Загреб, и треба и Македонија да побрза со тоа. Не би било фер да кажам дека без лобирање не е можно да се добијат европски средства, но со лобирање тоа е многу полесно, вели Борис Цизељ-директор на Словенечката Асоцијација за бизнис истражувања. Токму оваа асоцијација ќе и помага на Македонија да отвори лоби центар во Брисел. Според Стопанската комора на Македонија, тоа може да се очекува наскоро, затоа што од страна на државата биле обезбедени услови за отворање на македонски бизнис лоби центар во Брисел.

Претставници на 11 стопански комори од ЈЕИ, владини претставници, експерти и научни работници, деновиве во Охрид  зедоа учество на Економскиот форум „Забрзано кон ЕУ“, што го организираше Стопанската комора на Македонија.

Ohridnews