Лесно може да се случи македонскта фудбалска репрезентација натпреварите како домаќин да ги игра надвор од нашата држава. Причина е уривањето на северната трибина на “Градски“ каде “црвено-жолтите“ играат како домаќини, бидејќи тој е единствениот објект со дозвола од УЕФА за одигрување на репрезентативните натпревари во Македонија.

Новиот изглед на “Север“

Македонската репрезентација на 6 и 10 септември ги почнува квалификациите за СП 2010 како домаќин, против Шкотска и против Холандија. Во јуни, македонските екипи ќе учествуваат во еврокуповите, а изградбата на Север ќе трае 18 месеци.

Преседателот на ФФМ Харалампиe Хаџи-Ристески ќе бара средба со премиерот на Македонија Никола Груески, на која ќе се разговара за новонастаната ситуација. Комисија на УЕФА треба да допатува во Скопје за да каже дали може да се користи објектот и со каква евентуална заштитна ограда.


Едно од можните решенија –  “Младост“

Алтернативно решение во секој случај се терените во “Младост“- Струмица и “Гоце Делчев“ – Прилеп кои се најблиску до адаптација за да добијат дозвола. Има најава од газдите на Милано дека и стадионот во Куманово во најскоро време ќе биде комплетиран според европските стандарди.

прва резерва на Градски – “Гоце Делчев“

Последна опција, која никој не ја посакува е ако не биде комплетиран барем еден стадион, македонската репрезентација во септември да биде домаќин надвор од нашата земја.

На крајот од месецов УЕФА ќе има конгрес во Загреб на кој ќе учествува и нашата делегација. На средбата со челниците на УЕФА ќе се бара решение за новонастанатиот проблем.

ohridnews