Конкуренцијата за организација на мундијалот во машка конкуренција е поголем во однос на онаа во женската. Македонија за собирот на машките ѕвезди ќе треба да се бори со Полска, Данска, Норвешка, Германија, Словачка и Шведска додека за женските ѕвезди конкуренти се Јапонија, Словачка, Норвешка, Тунис и Украина.
Македонија има едно огромно и успешно искуство со организација на собир на ракометните ѕвезди, а тоа беше Европското првенство во 2008 година за сениорки.
Тогаш домаќини беа Охрид и Скопје, а и ако ја добие Македонија организацијата за мундијалот пак двата града и уште неколку други ќе бидат во планот за одигрување на натпревари.
Федерацијата најкасно до 2 септември треба да поднесат план што ќе ги опфаќа салите, условите за сместување, промоцијата, логистиката и безбедноста. Куќата на ракометот резултатите за организиција на двата мундијали ќе ги одреди на 28 октомври годинава.
Во 2013 година женскиот мундијалот се игра во Србија. Домаќин на машкиот во 2015 година ќе биде Катар, а на женскиот во Данска. Две години подоцна Франција ќе биде епицентарот на машкиот ракомет, а Германија на женскиот ракомет.