Европа на следното СП во футсал што ќе се одржи во Тајланд од 2-12 Ноември 2012г. Ќе биде застапена со вкупно 7 репрезентации од вкупно 24 колку што ќе учествуваат.


Македонија е одредена за домаќин на претквалификациски турнир , а воедно поради добрите резултатит во последниот период е и носител и ќе биде извлечена од првиот шешир. Извлекувањето на групите ќе биде извршено на 7. Јули во 14ч. во Нион. Покрај Македонија домаќини на квалификациски турнири се и Летонија, Грузија, Бугарија и Естонија.


Според пропозициите прелиминарната рунда во која учествуваат 20 селекции ќе се одржи од 19.-23 октомври 2011г. Со учество на по четири селекции. Првопласираните селекции од 5-те групи и најдобрите второпласирани патуваат во втората главната квалификациска рунда во која ќе бидат формирани 7 групи со учество на 28 селекции , од кои првопласираните две патуваат во баражот за Светското првенство.

Ohridnews