Топол бран ќе ја зафати Македонија оваа недела што ќе предизвика пораст на дневните температури.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, особено топло се очекува од четврток па до крајот на оваа и почетокот на идната недела, кога температурите ќе бидат над 40 степени Целзиусови.
Најтопло се очекува да биде во недела кога температурата се очекува да достигне до 42 степена Целзиусови.