Централната прослава на која ќе бидат доделени наградите “23-ти Октомври“ ќе се одржи вечерва во Скопје. По повод Денот на македонската револуционерна борба честитка до граѓаните денеска упати Здружението на граѓани Христо Узунов од Охрид.
– На овој ден кога се формира најсветата организација која работеше за ослободување и обединување на Македонија и на Македонскиот народ и затоа не можеме а да не се потсетиме на големите великани и илјадници други револуционери и војводи кои ги дадоа своите животи за самостојна и обединета Македонија.
Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и нејзините великани ни оставија еден аманет и ние мораме и имаме одговорност како пред коските на нашите дедовци, пред самите себе така и пред нашите деца и внуци не само да го зачуваме името Македонија туку и треба да се бориме за враќање на сите Македонци во нивните вековни огништа, се вели во празничната честитка на здружението „Христо Узунов“, кое упатува апел да не се игра чувствата на Македонците, кои како што се наведува, најдобро знаат што е најдобро за нив.