Македонија и годинава остана во категоријата делумно слободни држави заедно со Албанија, Косово и Босна и Херцеговина, покажува последниот извештај на меѓународната невладина организација „Фридом хаус“ во извештајот „Слобода на светот“ за состојбата во 2010 година.
 
Македонија доби оценка три за двете области, политички права и граѓански слободи и нема промена во однос на минатата година.
 
За разлика од Македонија, во регионот слободни држави се нашите соседи Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, како и Хрватска, Романија, Словенија и Унгарија.
 
Репресивни мерки се уште се спроведуваат во Кина, Египет, Иран и Венецуела. Извештајот се објавува петта година по ред и ја оценува ситуацијата во 194 земји и 14 територии.
 
„Фридом хаус“ забележува значително влошување во почитувањето на политичките права и граѓанските слободи ширум светот.

OhridNews
извор: „Макфакс“