Македонија се вклучува во глобалната кампања – глобална недела за акција 2009 што светот ќе ја одбележи од 20 до 26 овој месец.

Кампањата ја организира и координира Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ а нејзината цел е да се подигне свеста за вклучување на децата во образованието.

За време на оваа акција, на 22 април во училиштата низ целиот свет ќе се одржи Големо читање, кога децата ќе посветат еден училиштен час на читање приказни и дискутирање за значењето на образованието. Овој час во Македонија ќе се одржи на градскиот плоштад во Скопје и на јавните локации во останатите општини. 


Македонија дел од кампањата за вклучување на децата во образованието

Учениците, наставниците, родителите и јавните личности ќе земат учество во читањето на приказните од Големата книга, како и на сопствените приказни за моќта на образованието.

Големата книга е создадена преку собирање неверојатни животни приказни раскажани од повеќе највлијателните личности во светот.

Годинава,своите приказни со целиот свет ги споделија Нелсон Мандела, Кралицата Раниа од Јордан (која е годинешна Почесна претседателка на Глобалната кампања за образование- Неделата на акција), Алис Вокер, Дакота Блу Ричардс, Пауло Коелјо, како и национални и интернационални јавни личности во Македонија, меѓу кои се поканети Коле Ангеловски, Борис Трајанов, Амернис Нокшиќи, Маргарита Цаца Николовска, амбасадорката на Холандија во Македонија, Симоне Филипини и многу други.

Од „Меѓаши“ предупредуваат дека во нашата држава секојдневно се среќаваат деца, кои на различни начини се лишени од нивното основно право-правото на образование.

Ohridnews