Македонската теквондо репрезентација под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан, поранешен светски вицешампион, од 23 до 30 април со два натпреварувачи ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Талин, Естонија.
Боите на нашата земја во Талин ќе ги бранат Филип Јосифоски (црна појас II дан) кој ќе се натпреварува во три дисциплини (форми црн појас, борби до 64 кг сениори и специјалните техники) и Ацо Јосифоски кој ќе се натпреварува во две дисциплини и тоа во форми за ветерани и борби до 71кг ветерани.
– Подготовките за ЕП во Талина траеја повеќе од два месеци со секојдневни тренинзи. Го дадовме сиот наш максимум на тренинзите и се надеваме дека тоа ќе се исплати со освојување на медали и добро преставување пред целата европска елита. Филип е адутот наш и сите цврсто веруваме во него и неговите квалитети. – изјави Лазаревски.
Лазаревски изрази голема благодарност до генералниот спонзор на клубот и македонската репрезентација „ПН Метал“ кој констатно ги поддржува боречките вештини.
OhridNews