Македонската репрезентација во мешани боречки вештини ќе настапува во ММА лигата заедно уште со 15 европски земји. Натпреварувањето кое за прв пат ќе се одржи годинава ќе биде рамо до рамо со америчката ултимејт фајт лига.
– Нашата земја ќе биде меѓу 16-те кои ќе ја имаат таа чест да ги отворат новите хоризонти во ММА лигата. Ние како клуб соработуваме со сите во државата и од сите тие ги избираме најдобрите кои ќе ја преставуваат Македонија – рече Саше Попоски од клубот „Фајт Мастер“ од Охрид.
Македонија во ММА лигата ќе ја преставуаат пет натпреварувачи Ѓоре Стојанов (70 кг), Игор Петков (77 кг), Златко Петроски (84 кг), Игор Лазарески (над 93) и охриѓанецот Марјан Анѓелески до 93 килограми.
– Натпреварувачите се подготвени и мислам дека ќе не престават во одлично светло. Ова натпреварување бара 100% подготвеност во секој поглед бидејќи од неколку дисциплини е направена една лига, која и тоа како ќе биде квалитетна – рече Зоран Спасов тренер на „Спасов Тим“ од Струмица.
Првиот турнир со ваков карактер во Европа започнува на осми февруари, а прв македонски борец, кој ќе настапи ќе биде Ѓоре Стојанов.
Мх.П.