Македонската кошаркарска репрезентација со пораз ги започна натпреварите во новоформиранта осминафинална група на ЕП во Полска. “Црвено – жолтите“ беа декласирани и надиграни во секој поглед од кошаркарската игра од Франција и поразени со 83-57.
Дека црно ни е пишано беше јасно по првите пет минути кога ние постигнавме само три, а триколорите предводени од НБА звездата Тони Паркер го полнеа нашиот кош, за да првиот период заврши 23-9 . Француската екипа која ја статистички гледано ја има најдобрата одбрана на првенството не принудуваше на серија грешки, додека нивниот напад беше убиствен.
Дури пет кошаракари натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени, додека кај нашиот тим немаше кошаркар со двоцифрен број, но мала утеха е тоа што 10 од 12 кои добија шанса се запишаа во листата на стрелци.
Наредниот натпревар Македонија го игра против Германија в недела во 15.30 минути.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com