Со головите на капитенот Горан Пандев, Агим Ибраими и дефанзивецот Николче Новески, македонската фудбалска репрезентација има предност од 3-0 по првиот дел против селекцијата на Данска.


Избраниците на селекторот Чедомир Јаневски го одиграа најдоброто полувреме во историјата на фудбалот во Македонија. Дебитантот на голот од Данска, Каспер Шмајхел нема по добро да го памети Скопје и првите 45 минути одиграни на “Филип Втори“.

Мх.П.