Охрид и “Билјанини Извори“ се покажаа талични за македонската селекција во бадминтон за играчи до 13 години која се закити со бронзен медал во екипна конкуренција на Балканското Првенство.

Домаќинот, Македонија, во групата ги совлада Албанија (3-2) и Србија (4-1), а единствениот пораз го претрпе од Бугарија (4-1).


Како второ пласирани во групата нашите се најдоа во полуфиналето каде бевме поразени од Турција со 3-0. Во останатото полуфинале Бугарија беше поуспешна од  Грција со 3-1.

Првото место во екипна конкуренција и припадна на Бугарија откако во финалето со 3-2 ја совлада Турција. Бронзените медали одат на градите на македонските и грчките репрезентативци.

М.Постоловски