Македонската женска ракометна репрезентација има негатива од еден гол на полувреме (10:11), во клучниот натпреавр за пласман во втората фаза од Светското првенство што се игра во Франција.
Бразилките имаа водство во целиот тек на првото полувреме, а најголемата предност изнесуваше 3 разлика. На крај од првиот дел Македонија израмни на 10:10 и пропушти напад за водСтво по што Бразил минимално во своја корист го реши полувремето.
Најефикасна во нашата репрезентација е Тодоровска со 5 постигнати гола. Доколку Македонија сака да ги продолжи натпреавите на СП мора да го совлада Бразил.
Г.М.