Македонската ракометна репрезентација со пораз од Полска 25-20 (13-9) ги започнаа квалификациите за Летните Олимписки игри во Рио де Жанеиро.


Полјаците фуриозно почнаа и веднаш поведоа со 3-1, но нашите ракометари ја стабилизираа играта и брзо се вратија во игра.

Домаќините одново додадоа гас и стигнаа до првата опиплива предност (7-4) по петнаесетина минути игра.

Македонија во завршниот дел од првиот дел имаше своја шанса, при негатива (10-8), ракометарите не реализираа пенал и два зицери.

Полјаците ја надминаа кризата и со серија од 3-1 заминаа на одмор со плус четири (13-9).

Репрезентативците на Полска во вториот дел не дозволија „црвено жолтите“ да се вратат во игра за поволен резултат и постепено ја зголемуваа предноста која достигна до осум голови (23-15).

Високото водство полјаците го искористија за одмор на клучните играчи, а македонските ракометари успеаја со неколку голови во серија да го ублажат поразот.

Македонија вториот меч од Олимписките квалификации ќе го одигра против Тунис во 18 часот кој во првото коло забелаж победа над Чиле.

Мх.П.