Македонската фудбалска репрезентација квалификациите за Мундијалот во Русија ќе ги започне без капитенот во екипата Ванче Шиков.
Дефанзивецот кој настапува за Нефчи се здоби со потешка повреда на мечот со Шкендија во рамките од Лигата на Европа.
Да биде трагедијата поголема Шиков се повреди и доби црвен картон, а неговата екипа отпадна од понатамошните мечеви од најмасовното клупско натпреварување.
„Црвено жолтите“ мундијалските квалификации ги почнуваат на 5 септември во Скадар против западниот сосед Албанија, а селекторот Игор Ангеловски ќе мора да бара резервна солуција за стоперското место во одбраната.
OhridNews