Македонската фудбалска репрезентација скокна две места на најновата ФИФА рејтинг листа. Скокот на Македонија која е без селектор и не одигра ниту еден пријателски меч, се должи на “паузирањето“ на останатите репрезнтации со исклучок на оние кои играа на Копа Америка.


Нема промени на врвот каде се уште се Шпанија, Холандија и Германија, додека Бразил со скок од едно место се најде на 4-та позиција, победникот на Копа Америка- Уругвај со скок од +13, се најде на 5-то место на ФИФА рејтинг листата.

Следниот противник на Македонската фудбалска репрезентација Азербејџан, со скок од едно место, се најде на 111-то место.

За пријателскиот натпревар Азербејџан-Македонија кој ќе се игра во Баку на 10-ти Август “А“ тимот за селектор го позајми Бобан Бабунски од репрезентацијата на Македонија У21.

В.Б.